По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, во соработка со партнер училиштето „Лирија“, денес во нашето училиште беше организирана заедничка работилница за читање лични творби. Учениците имаа можност да ја изразат својата креативност, мисли и чувства преку пишани зборови, славејќи го богатството и убавината на македонскиот јазик.

Оваа активност уште еднаш покажа дека јазикот е мост што нè поврзува, поттикнувајќи разбирање, почит и заедништво.