По повод 123 години од смртта на нашиот херој, револуционер, деец и даскал, Гоце Делчев, чие име со гордост го носи нашето училиште, денеска дел од учениците предводени од директорката Бети Никлевска ,наставниците по македонски јазик Александра Нешкоска и Воислав Трипуновски, како и наставничката по историја Ружица Ристоска го посетија неговиот гроб во црквата ,,Св.Спас” и му оддадоа почит за сите негови дела за кој се борел.

Делчев останува запаметен како херој и симбол на борбата за слобода, инспирирајќи многу генерации по него.

Гоце Делчев не е само важна историска фигура, туку и симбол на стремежот за слобода и независност. Неговата смрт останува во свеста на македонскиот народ.