Нашата ученичка Ана Дамјаноска од VII-3одд. од ООУ ,,Гоце Делчев”под менторство на наставничката Александра Нешкоска, на распишаниот литературен конкурс по повод 115години од раѓањето на нашиот револуционер и познат голем поет Кочо Рацин,како и 80 години од неговата смрт освои третa награда на тема: ,,Кочо Рацин во очите на непокорниот работник”.На Ана и посакуваме и понатака да ниже ѓердани со поетски творби. Рацин е трага на нашиот непокорен народПоетот Кочо Рацин избразди нови бразди за македонскиот човек. Тој беше гласноговорник на копачите, тутуноберачите и печалбарите, на непокорни работници кои беа принудувани да се капат со извалкана чест. Тој е нашата песна недопеана како кошулата на Ленка недовршена, а беше даровна. Кочо Рацин за татковината и својот народ е едно чувство кое не е важно каде сме туку пак да сме заедно. Неговите песни беа огнени искри што бакнуваа, за јавето да не биде сенка на сонот. Бурниот сон што се вика живот во негово време било несносно и силно а среќата во душата на поетот како срце од човек за човека. Земјата ја тресеа молњи, а за непокорните работници длабоки воздишки за нов живот на македонското срце. За нашиот Кочо Рацин убавина беше и болката. Храбро клечеше пред новото време. Пред непокорниот работник расфрлаше нови ѕвезди на небото како несовладливи растенија што го опкружуваше нашиот народ наречени Пиреј кој се загнездува во папратите од нашите планини. Душата на нашиот Кочо Рацин е семејна длабина а ние сме езерска ширина. Кочо Рацин е човекот кој го ширеше бунтот кон страдањето. Занесот и радоста се свртени кон висините, кон иднината. Неговите песни се здив на нашето внатрешно огледало, зошто љубовта и за нас се раѓа и во сонот, а капките роса ги влажат нашите домашни покриви. Песните на Кочо Рацин го разоткриваат превезот на ноќта за да се радуваат на изгрејсонцето. Бели Мугри се трага по нашиот корен, како извор на нашите кладенци по планините. Тажни и насолзени очи се за минатото. Пролетта е младост на годината, а нашата младост е во зелена боја. Денес сме загнездени во животот и буквите од песните, а времето се запишува како приказна во сеќавањата. Младоста денес создава гнезда во пазувите на секогаш непокорниот работник кои во песните на Кочо Рацин најдоа свое место за наше препознавање. Далечен е светот на минатото за кого пишуваше големиот Кочо Рацин. Кавалот на македонската душа пее нови песни со кои поетите го бележат животот со што се ѕирка иднината.