На вториот круг од натпреварот по кодирање организиран од Центарот за едукација и иновативно учење СТЕМЛаб зедоа учество нашите ученици Матеј Дојчиновски (VIII-2), Емили Андрееска (IX-3) и Ана Дамјановска (VII-3). Особен успех на ниво на општината постигнаа Матеј Дојчиноски (97/100) и Емили Андрееска (96/100). Тие освоија дигитален златен 🏅 и стекнаа право на учество на Меѓународната СТЕМ Олимпијада во Холандија. Честитки за постигнатиот успех!