По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Свети Методиј, во нашето училиште беше реализирана свечена активност посветена на писменоста, знаењето и учителската посветеност.

Учениците од предметна настава, преку пригодна програма и искрени зборови на благодарност, им оддадоа признание на учителките од одделенска настава по македонски јазик – првите описменувачи и темел на ученичкото образование.

Во рамки на настанот беа доделени благодарници како симбол на почит за нивниот труд, трпение и љубов кон учениците.

Активноста беше реализирана во организација на наставниците по македонски јазик, Александра Нешкоска и Воислав Трипуновски, со поддршка од наставникот по музичко образование, Ненад Вукојичиќ и училишниот хор.

Им благодариме на сите учесници и присутни што беа дел од ова достоинствено одбележување на 24 Мај.