Лична карта на ООУ „Гоце Делчев“
ООУ ,,Гоце Делчев.. -Тетово е сместено во централниот дел на градот, на подрачјето на Месната заедница ,,Иљо Антески – Смок,, на улица ,,Иво Рибар Лола,, бр.96. Училиштето започна со работа на 24 Декември 1944 година тогаш како четиригодишно училиште со вкупно 14 паралелки и 632 ученици под името ОУ ,,Маршал Тито”. Од учебната 1956 / 1957 година прераснува во осумгодишно училиште со 30 паралелки и 900 ученици, а од 1 Септември 1993 година нашето училиште е преименувано во ОУ ,, Гоце Делчев”. Од второто полугодие на учебната 1976 / 1977 година за потребите на училиштето беше изградена нова училишна зграда, и од тогаш условите за изведување на современа настава се значително подобри. Денес во него учениците посетуваат настава на македонски и албански јазик од прво до деветто оодделение.
Општинско основно училиште „Гоце Делчев“ денес
Училиштето е со статус на јавна установа чија основна дејност е воспитание и образование на деца, ученици од I – IX одделение. Училиштето обезбедува и дневен престој за учениците од I до V одделение.
Во својата работа училиштето постојано ги користи поуките и искуствата од работата во изминатите учебни години и анализата на работењето на сите органи и тела кои функционираат во него.
Политиката на јавност и транспарентност е трајна определба на училиштето, а изворите на информации се познати и достапни на сите заинтересирани целни групи.
Училиштето ги следи современите тенденции и практики во областа на образованието со цел унапредување на целокупниот воспитно-образовен процес. Преку планирање на активности придонесува за развивање мултикултурен и родов сензибилитет кај учениците и активно учествува во градењето на инклузивното образование кое пак претставува темел на инклузивното општество.